Во рамки на Центарот за стручно образование и обука и со поддршка на проектот Образование за вработување во Северна Македонија – E4E на Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија, ви го презентираме новиот „Водич низ квалификациите во стручното образование„. Водичот е изработен од страна на работниот тим кој беше ангажиран за оваа намена и истиот има за цел е да ги претстави условите, можностите и придобивките кои стручното образование и обука ги нуди на секој ученик.