16.10.2019

А1 Македонија

А1 е телекомуникациска компанија, фокусирана на креирање и нудење на понуди за конвергентни и софистицирани дигитални решенија, коишто ги задоволуваат комуникациските потреби, не само на резидентните и на деловните корисници, туку и на секое модерно семејство.

Со технологија и услуги, приспособени кон модерните навики и потреби, А1 ги инспирира корисниците да пронајдат нови искуства, да откријат нови светови со уште повеќе информации, забава и пријатели.

Под мотото, „Секој твој свет!“, намерата на А1 е да стане водич во дигиталниот свет, за сите свои корисници, креирајќи и нудејќи нови и уште понапредни дигитални искуства и алатки, коишто ќе им овозможат уште поедноставно секојдневие, поголема продуктивност и поврзаност. А1, со внимание ги анализира комуникациските потреби на корисниците, со цел да им понуди најдобри услуги. А1 оди чекор понапред, преку технологијата со којашто располага и бара нови можности за да го подобри секојдневниот живот на корисниците. Тежнееме да понудиме нови и свежи идеи, бидејќи нашиот нов бренд е исполнет со живот, има позитивен и оптимистички дух и е отворен за нови размислувања. А1 ги исполнува дадените ветувања, па затоа нашите корисници можат целосно да се потпрат на нас, затоа што сме компанија од доверба.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит