26.11.2019

Македонски Бизнис Системи

Македонски бизнис системи (МБС) е компанија формирана 1991 година, како Local Service Organization на корпорацијата IBM (International Business Machines) во долга традиција на соработка со фирмите во Македонија. МБС ја продолжи определбата да ги нуди производите на IBM (хардвер, софтвер, услуги и т.н.) и ги сочува вкупните деловни односи со македонските корисници поставени на IBM-овата деловна етика, стандарди и пракса.
Во почетокот на 1999 година IBM одлучи да го промени начинот на работа во сите земји во кои немаше свое директно застапство, во што покрај Македонија беа вклучени и многу други земји. По ова МБС продолжи да делува како IBM Solutions Provider (највисоко ниво во хиерархијата на IBM-вите бизнис партнери) за сите IBM-ови хардверски и софтверски платформи.
Денес, МБС работи под идеологијата дека човечката умствена креација е најдобриот продажен алат на пазарот како и најголемата придобивка со што компанијата донесе одлука за целосна промена на своето работење и пренос од компанија чијашто основна продажна дејност е компјутери и компјутерска опрема во компанија чијашто основна дејност е изработка на софтверски решенија.

Со нашето делување се стремиме да придонесеме и во развојот на пошироката средина како промотор во развој на Информатичко општество. Активна членка сме на Македонската Асоцијација за ИТ – МАСИТ. Истовремено, активно партиципираме во грижа за нашето опкружување и негување на културни и историски вредности преку учествување во културни манифестации, поетски и прозни активности и развој на младите во уметноста. Веруваме дека развојот на духовните вредности помага и во креативноста во информатичката технологија.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит