30.11.2020

МАК СИСТЕМ СОФТВЕР

МАК СИСТЕМ СОФТВЕР е компанијата која е лидер на светско ниво, кога се работи за медицински софтвер за управување со крв, плазма, ткива и матични клетки.

Во фокусот на МАК СИСТЕМ СОФТВЕР е изработка на софтверски решенија во трансфузиологијата. Нивниот софтвер го користат банки за крв, болници, институти за трансфузиона медицина и ресорни министерства, речиси во цела Западна Европа, Канада, Австралија, Хонг Конг, Јужна и Северна Америка и Африка. Меѓу нивните главни клиенти е и Американскиот црвен крст.

Она што посебно заслужува внимание е дека се работи за македонски производ, македонски софтвер, чиишто почетоци датираат уште од средината на 80-те години (фирмата во Скопје постои веќе 30 години), којшто константно ги следи новите технологии и развива нови функционалности во корист на пациентите. Компанијата ги поседува сите релевантни светски сертификати од оваа област, работејќи под строга усогласеност со барањата на американската FDA, европските регулативи/ Единствениот европски законик и сл.“

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит