4.11.2020

14тото годишно Собрание на МАСИТ

Се одржа 14тото годишно Собрание на МАСИТ- Стопанска Комора за ИКТ. Претседателот на Собрание – Goran Poposki ги поздрави присутните со афирмирање на сите досегашни успеси на комората постигнати во изминатата година и пол, а претседателката на Управниот Одбор Aneta Peseva, детално ги информираше сите присутни компании за активностите во кои комората беше активно вклучена изминатиот период.

Посебен акцент беше ставен на потребата од проширување на бројот на членови на Управниот Одбор на МАСИТ поради сé поголемата ангажираност, посветеност и визибилност на МАСИТ во делот на остварување на целите и потребите кои компаниите членки ги имаат, со цел успешна промоција и лобирање пред надлежните институции.

Особено сме горди што оваа година седницата на Собранието на МАСИТ се одржа целосно онлајн, а присуството на фирмите беше на највисоко можно ниво до сега. Погледнете дел од атмосферата тука:

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит