17.01.2024

AI 4 2024 – Премиерен настан – 15ти март 2024

To AI or not to AI? That is the question.

Со големо задоволство ви го најавуваме новиот и еднинствен настан во Македонија што го организира МАСИТ во партнерство со Адвокатска канцеларија Најденовски. Станува збор за Премиерен настан од премиум категорија, кој ќе се организира како продолжување на настаните кои ги реализиравме минатата година на тема „Вештачка Интелигенција“.

На настанот ќе земат учество врвни професионалци и ексклузивни говорници, на можеби најтрендинг темата – врската и влијанието на вештачката интелигенција (AI) во конкретни индустрии и општествени појави, преку панел сесии и комерцијални презентации.

Ова е одлична можност за вмрежување со докажани професионалци и компании од различни индустрии: ИКТ секторот, пазарот на труд и работна сила, здравство и медицина, дигитален маркетинг, металургија, банкарство и други индустрии.

Погледнете ја целата програма на наменската страна и нарачајте ги вашите карти:

www.masitconference.mk

Специјална Early bird цена: 40 евра + ДДВ за една карта
Две карти по компанија во рамки на Early bird: 69 евра + ДДВ

Доколку имате интерес да ја промовирате вашата компанија во рамки на овој настан, слободно пишете ни за можностите за спонзорство на следните мејл адреси:  elena.petrushevska@masit.org.mk; advokat@najdenovski.com;

Следете не’ и очекувајте повеќе информации наскоро.

📅 15.03.2024  📅

📍Локација: Рагуза 360

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит