26.09.2023

Building Bridges: Towards Our Common Digital Future #DigitalUnited

18-то издание на Годишната конференција на МАСИТ

📅 01.11.2023
📍 Double Three by Hilton

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ ја организира својата традиционална Годишна Конферернција, која оваа година ќе се одржи по 18ти пат. На овој централен и најважен настан на МАСИТ ќе се фокусираме на најновите трендови, иновации и практични совети од водечките експерти во индустријата. Со темата “Building Bridges: Towards Our Common Digital Future,” a под мотото #DIGITALUNITED, заедно ќе испратиме порака за обединување на сите чинители во општеството, кои имаат огромна улога во процесите на дигитализацијата и дигиталната трансформација во земјава.

Овогодишната конференција ќе биде исполнета со квалитетна програма, говорници и гости од сите засегнати страни на едно место.

На настанот ќе зборуваме за дигитализација и дигитална трансформација на процесите, со презентирација на иновативни теми, трендови и решенија кои се достапни на пазарот од страна на ИКТ компаниите, споделување на искуства и добри пракси на тема дигитализација од страна на еминентни експерти од земјава и странство.

Со особена чест ги претставуваме овогодинешните почесни главни спикери:

  • г-дин Alexander Risøy, CEO, NEBB GROUP
  • Д-р Благој Делипетрев, консултант за AI и поранешен научен советник во Научно Истражувачкиот Центар на Европската комисија, (Joint Reseach Centre) во Испра, Италија

Ја имаме честа оваа година да ви го претставиме нашиот официјален партнер на конференцијата – ПроКредит Банка кои се воедно и наш стратешки патрон партнер, но исто така како дигитална банка која има силен импакт во дигитализацијата на своите клиенти.

Токму ПроКредит Банка ќе ја води панел дискусијата каде гости спикери ќе бидат претставници од приватниот сектор, компании чија дејност не е ИКТ, а ќе споделат успешни приказни за тоа како дигиталната трансформација им помогнала во нивните процеси и како дигитализацијата придонела за нивниот раст и развој.

Бидете и вие дел од најиновативното издание на МАСИТ – Годишната конференција, на која ќе има повеќе од 200 гости од домашни и странски ИКТ компании, од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската заедница, професори и претставници на универзитетите кои образуваат ИКТ кадар, медиуми и други.

Вашите Билети по специјална цена од 119 евра 89 евра + 18% ДДВ резервирајте ги на следниот линк.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВОГОДИНЕШНАТА ПРОГРАМА

СТАНЕТЕ СПОНЗОР НА ГОДИШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАСИТ
Доколку сакате да се вклучите како поддржувач и партнер на овој настан, имате можност да го сторите тоа во рамки на предвидените спонзорски пакети, достапни на следниот линк.
*Стоиме на располагање за прилагодување на спонзорските пакети согласно вашите потреби и барања.

Лица за контакт:

  • Елена Петрушевска – Директор на Извршна Канцеларија, +38975257095
    elena.petrushevska@masit.org.mk
  • Петар Лазовски – Оперативен Менаџер, +38975240988
    petar.lazovski@masit.org.mk
  • Софија Савеска – Координатор за членство и комуникации, +38978288252 sofija.saveska@masit.org.mk

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит