6.09.2021

„Дигитална трансформација – клучна за успешен бизнис“

Завршен настан 16.09.2021
Резултати од Проектот „Патека за дигитализација“

Проектот „ПАТЕКА ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА“ кој е финансиран од страна на Проектот на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата и имплементиран од страна на МАСИТ, во партнерство со СТИКК –ИТ Асоцијација од Косово, и ICT Net – Србија, ве покануваат на онлајн настан, кој ќе се одржи на 16.9.2021 со почеток во 13:00 часот. Настанот се организира на тема: „Дигитална трансформација – клуч за успешен бизнис“.

Во изминатите петнаесет месеци, главната цел на овој проект беше да ги поддржи МСП-a од таргет секторите (свежо и преработено овошје и зеленчук, облека и текстил, преработка на дрво и туризам) од Северна Македонија, Косово и Србија во нивните активности за ( 1) подобро разбирање и запознавање со придобивките од дигиталната трансформација; (2) да го анализираат нивното сегашно ниво на дигитална трансформација и да креираат стратегии за дигитална трансформација со кои ќе ги идентификуваат и даваат приоритет на потребните ИТ решенија; и (3) финансиски да ги поддржат во процесот на купување и имплементација на ИТ решенија со цел подобрување на нивните деловни активности.

Со особено задоволство Ве информираме дека постигнатите цели и резултати во рамки на овој проект ќе бидат презентирани на завршниот настан, на кој очекуваме учесници од ИКТ бизнис заедницата, претставници од регионот (Северна Македонија, Србија и Косово) кои беа директни корисници на проектот од таргет секторите, претставници од нашите партнери итн. Би сакале да ве поканиме да присуствувате на настанот, на кој ќе слушнете повеќе детали за проектот, неговите резултати, како и информации за тоа кои се придобивките од дигиталната трансформација. Во прилог се наоѓа агендата за настанот.

Пријавите го вашето присуство на следниот линк а ние дополнително ќе ви доставиме линк за вклучување на настанот.
Доколку имате дополнителн, прашања, ви стоиме на располагање во секое време.

*Напомена: Онлајн настанот ќе се одвива на англиски јазик.

Download file

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит