15.11.2022

ЕФИКАСЕН ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА ИКТ ИНДУСТРИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

РАБОТИЛНИЦА наменета за ИКТ заедницата

МАСИТ во соработка со Министерство за труд и социјална политика, ве поканува на претстојната РАБОТИЛНИЦА на тема:ЕФИКАСЕН ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА ИКТ ИНДУСТРИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“, наменета за ИКТ заедницата, која ќе се одржи на 30.11.2022 (среда), од 11:00 до 13:30 часот со физичко присуство во просториите на Сеавус акцелератор (Seavus Accelerator), адреса: 11 Октомври 33A, Скопје.

Оваа работилница е наменета за ИКТ компаниите, со цел поблиско претставување на генералните обврски и одговорности кои произлегуваат од новиот Закон за работни односи кој е во финална фаза на подготовка. Овој закон е применлив и е од интерес на сите компании. Можностите за “работа од дома” и “флексибилно работно време” за чија либерализација во законот за работни односи, МАСИТ се залага со години, претставуваат механизми кои се од особена важност и потреба за ИКТ секторот. Важно е да се нагласи дека со овие мерки, ИКТ индустријата не ги побарува само во форма на мерки, туку истите претставуваат механизам преку кој компаниите им овозможуваат подобрен баланс на своите вработени помеѓу работно време и социјалното време.

Од страна на МАСИТ ќе следи презентација на забелешките дадени од членките по однос на Законот за работни односи, по што ќе следи отворена дискусија со прашања и одговори и споделување на мислења на темата со цел конкретизирање на барањата на ИКТ индустријата. По завршувањето на работилницата, финално сублимираните забелешки, барања и предлози по новиот Закон за работни односи, од страна на МАСИТ, како Стопанска комора која ги застапува интересите на ИКТ компаниите, ќе бидат формално доставени до МТСП како ресорно Министерство во постапката за донесување на новиот ЗРО.

Цена за учество:

  • 2000 МКД + 18% ДДВ (по лице), 3500 МКД + 18% ДДВ (за две лица) за компании членки на МАСИТ
  • 4000 МКД + 18% ДДВ (по лице) за компании кои не се членки на МАСИТ

За учество на настанот ве замолуваме да го пополните Формуларот за регистрација достапен на следниот ЛИНК.

За дополнителни информации, лице за контакт од МАСИТ:
Петар Лазовски
078342228
petar.lazovski@masit.org.mk

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит