19.12.2023

Follow up НАСТАН ПОСВЕТЕН НА ЗАШТИТАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ

МАСИТ како водечки партнер, започна со спроведување на активности во рамки на проектот „Подигнување на свеста за потреба од заштита на правата од индустриска сопственост и воспоставување на иницијална правна помош во комората“, поддржан од страна на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ. Со таа цел, одржавме еден промотивен настан на кој ги започнавме проектните активности и ја реализиравме првата од трите предвидени едукативни работилници за компаниите членки на МАСИТ.

Целта на овој проект е преку низа активности, МАСИТ да им овозможи на компаниите кои се членки на Комората, соодветна едукација во поглед на придобивките од Intellectual Property Rights (IPR), согледување на најновите современи дилеми наспроти традиционалните поими, овозможување на практична помош и имплементација од страна на комората МАСИТ за заштита на интелектуални права за компании-членки на МАСИТ, преку иницијална прaвна помош и понатамошно насочување.

МАСИТ во рамки на проектот, ја организира втората работилница која е бесплатна за компаниите членки на комората. Во рамки на овој проект, ќе бидат поддржани 5 компании членки за имплементирање на IPR.

Подгответе се да го дознете „изворниот код“ на правата на интелектуална сопственост во сосема ново светло! Да се сретнеме за да позборуваме како да ги препознаеме интелектуалните права. Нема да цитираме сложени закони или прирачници. Овој настан е шанса да навлезете во интригантниот свет на ИС кај нас и во светот!

ШТО? Кусо, енергично и интересно патување во суштината на креативната сопственост, а сепак доволно да го разгори вашиот ентузијазам и да ви ја поттикне имагинацијата!

ЗОШТО? Бидејќи правата на интелектуална сопственост се пасош и билет за заработка.

КОЈ? Сите љубопитни да ги отклучат тајните на ИС, пред се иновативните, креативните!

КОГА? На 24ти Јануари 2024 година од 10:00 часот.
Обележете ги вашите календари за овој иновативен настан.

КАДЕ? Qinshift Academy (мапа)

Пријавете се со пополнување на регистрациската форма на следниот линк.

Ајде да ги дешифрираме и демистифицираме интелектуалните права. На нашиот настан ќе и кажете збогум на здодевноста. Ќе разберете кои се клучните 5W+2H во светот на Заштита на интелектуална сопственост и никогаш нема да си дозволите грешка. Ве очекуваме.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит