20.08.2019

МАСИТ оствари работна средба со Претседателот Стево Пендаровски

image2

Денеска (20.08.2019 година) Стопанската комора за информатички и компјутерски технологии – МАСИТ оствари работна средба со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

На средбата учествуваа претседателката на Управниот одбор на МАСИТ – Анета Антова Пешева, компании членки на УО, како и членки на Комората.

image4

При отворањето на средбата, претседателката на Управниот одбор на МАСИТ – Анета Антова Пешева ја истакна важноста што претседателот ја препознава оваа индустрија како носечка и приоритетна за македонската економија, при тоа посочувајќи ги растот и придонесот на ИКТ секторот во вкупниот економски учинок во државата, како и огромниот потенцијал за уште поголем раст во следниот период.

,,ИКТ индустријата како една од водечките и најбрзо растечки гранки во државата треба да е во фокусот на националната економска и општествена политика. Во моментов таа е р’бет на македонското стопанство и токму преку оваа гранка може да се стопира миграцијата на висококфалификуваната работна сила. Тоа пак, од друга страна позитивно ќе стимулира и други индустрии”– нагласи Пешева во своето обраќање пред претседателот.

image1

Претседателот Пендаровски истакна дека соработката со, и поддршката на ИТ секторот во земјава е од особено значење, бидејќи како што рече „дигитализацијата го движи светот во друга насока и ние мора да се прилагодиме, односно да фатиме чекор“.

„Една од програмите на која ќе дадеме институционална поддршка е партнерството со Британската амбасада, Националниот младински совет и МАСИТ за отворање и работа на МЛАДИХAБ, кој ќе биде сместен во Канцеларијата на претседателот, просторот кој се наоѓа во центарот на Скопје. Со поддршка на оваа програма се надевам дека ќе создадеме мотивирачка средина дека и младите кај нас ќе имаат шанса за успех“, потенцираше Претседателот Пендаровски.

image3

Во разговорите на работната средба на која активно земаа збор членките на МАСИТ, страните ги истакнаа своите заложби за стратешко помагање, промовирање и водење на ИКТ индустријата, унапредување на бизнис климата за ИКТ компаниите во државата, потенцирајќи ја важноста на унапредувањето на даночната политика, унапредување нависокото образование од техничките науки, стимулирањето на понатамошен развој, како и промовирање на ИКТ индустријата надвор од државата.

На средбата се заклучи дека е потребно креирање на правна и економска рамка за забрзан раст на ИКТ индустријата, а преку тоа и мерка за задржување на младите во земјава.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит