22.11.2021

Интервју: Димитар Јаневски – Бизнис Директор и Продукт Менаџер на Digital OFFICE by Inbox

Инспиративна видео приказна на Western Balkan Digital Summit 2021

Нашата компанија членка и партнер – Digital Office by Inbox беа учесници на годинешната Western Balkan Digital Summit 2021 со инспиративната приказна “TRUST – as a key element to remain successful digitally”. Направивме разговор со Димитар Јаневски – Бизнис Директор и Продукт Менаџер на Digital OFFICE by Inbox со цел да не запознае повеќе.

МАСИТ: Како настана инспиративната приказна со која учествувавте на настанот Western Balkan Digital Summit 2021?

Димитар: Приказната која ја споделивме е вистинска! Тоа е соработка со наш клиент, анонимизиран со цел да обезбедиме приватност. Истата рефлектира успех и постигнување на цели, користејќи дигитални напредни технологии и регулаторни можности на пазарот.

Херојот во приказната е Ана која најде начин со тимот на Digital Office да го поддржи рапидниот раст на компанијата. Сега нејзината компанија успешно и валидно управува со документи, досиеја и решенија на 500+ вработени, од секаде.

Елементот на ДОВЕРБА е присутен во дигиталното работење кое вклучува цел екосистем на технологии и партнери. Довербата е компонентата која не спојува во тој екосистем и ние истата ја вградивме како норматив во се што создаваме.

МАСИТ: Може да ни го опишете вашето искуството на WB6?

Димитар: Би рекол многу пријатно, организирано и дигитално!

Сметам дека можноста за секој заинтересиран човек да се приклучи онлајн и во било кој момент да ги следи темите од интерес, претставува голем бенефит. Тоа ги руши бариерите за достапност и придонесува кон едукација и дигитализација на пазарот. 

Оваа година настанот беше во организација на Црна Гора и поддршката на МАСИТ и МИОА кон учесниците беше одлична и за нас одлучувачка со цел да присуствуваме. Благодариме 🙂 

МАСИТ: Во неколку реченици, што е тоа што го нудите?

Димитар: Digital OFFICE е платформа, КВАЛИФИКУВАНА ДОВЕРЛИВА УСЛУГА – дигитална архива, за долгорочно чување на документи, сертифицирана од МИОА. Компаниите можат да не користат како SaaS решение и да се поврзат и со APIs, да работат безхартиено, согласно законските регулативи. 

МАСИТ: Како можат нашите МАСИТ членови да ве најдат? 

Димитар: Нас ни претставува задоволство да работиме со членовите. Нашата ИКТ заедница расте и со соработката ние учествуваме во градењето на еко-систем и активно помагаме во дигитализација на целата бизнис заедница.
За членовите на МАСИТ ја сум лично достапен за консултација и бизнис односи каде слободно може да ме контактирате на d.janevski@inbox.com.mk

Погледнете ја инспиративната видео приказна:

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит