7.04.2022

„МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“

WITSA Global ICT Excellence Awards 2022

Во рамки на WORLD INNOVATION, TECHNOLOGY AND SERVICES ALLIANCE – WITSA каде што МАСИТ членува, и оваа година се организираат WITSA Global ICT Excellence Awards 2022. Оваа манифестација ќе се одржува од 13-15 септември 2022 во рамки на настанот „World Congress on IT“ во Пенанг, Малезија (https://wcit2022.com/). Во рамките на своите активности, за изборот на WITSA Global ICT Excellence Awards 2022, МАСИТ повторно организира избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2021 година.

Ве повикуваме за номинации за „МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија“  кои ќе ги опфатат следните категории: 

Право на учество имаат сите ИКТ компании кои ќе номинираат сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во нашата земја.
Учеството на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија 2022“ за членките на МАСИТ е бесплатно, додека за нечленки компании изнесува 50 евра + ДДВ.

Претходно номинираните решенија е дозволено да се пријават повторно, под услов информациите за самото решение да бидат соодветно ажурирани.

Вашето решение ќе го номинирате со доставување на доленаведените документи на: sofija.zatarakovska@masit.org.mk  најдоцна до 15.05.2022 година. Крајниот рок за номинација на решенијата од страна на МАСИТ до WITSA e 15.06.2022 година. МАСИТ има право да номинира до три номинирани решенија во секоја од категориите кои се објавени погоре.

Потребни документи за аплицирање:

  1. Пополнета пријава за МАСИТ ИКТ наградите
  2. Пополнета Номинациска форма
  3. Power Point презентација за своето решение

Ги повикуваме и ги охрабруваме сите компании да се пријават на повикот, преку кој ќе имате можност, покрај за вас како компанија, да им дадете признание и на вашите клиенти што го користат вашето решение.

За сите останати детали околу самото презентирање, оценување и рангирање на добиените номинирани решенија, ќе бидете дополнително информирани во периодот што следи.

Повеќе информации за WITSA Global ICT Excellence Awards 2022 прочитајте на следниот линк.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит