ИТ ЛАБС ДОО денес се вброи на листата донатори во рамки на мисијата за пристап до соодветно образование на секое дете која веќе 2 години ја спроведуваат МАСИТ, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, Центарот за управување со знаење и Асоцијацијата на советници за развој на кариера, АСК Скопје.
ИТ ЛАБС ДОО, како општествено одговорна компанија која често ги поддржува ваквите иницијативи, се одѕва на повикот за поддршка на МАСИТ и донираше 7 користени компјутери за ученици од ранливите категории во две основни училишта од Скопје и тоа ООУ„Петар Поп Арсов„ и ООУ „Братство“.
За потсетување, во рамки на оваа иницијатива, досега се донирани 60 компјутери на ученици од неколку основни и средни училишта. Со желба и надеж дека поддршката и соработката помеѓу ИТ заедницата, невладиниот сектор и училиштата ќе се интензивира и бројот на деца кои ќе имаат непречен пристап до образование ќе се зголемува, мисијата продолжува…