17.02.2022

ОБУКА на тема “Закон за заштита на лични податоци за ИКТ компании”

24.02.2022 (четврток), од 10:00 до 14:30 часот, онлајн

Ве покануваме на претстојната ОБУКА на тема Закон за заштита на лични податоци за ИКТ компании, која ќе се одржи на 24.02.2022 (четврток), од 10:00 до 14:30 часот, онлајн преку ZOOM платформата.

Обуката е наменета за ИКТ компании со цел поблиско претставување на генералните обврски и одговорности кои што за компаниите произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ, бр. 42 од 16.2.2020 година) кој што стапи на сила на 224.02.2020 година, но сите рокови за усогласување (формални и неформални) истекуваат на 24 февруари 2022 година. Овој закон е применлив за сите компании кои што вршат целосно или делумно автоматизирана обработка на личните податоци, или друга обработка на лични податоци кои се или треба да бидат дел од збирка на лични податоци.

Предавач на обуката е Емилија Ангеловска, долгогодишен консултант за заштита на лични податоци и приватност во Инфиго ИС со огромно искуство во ревизија и имплементација на системи за заштита на лични податоци во компании од различни индустрии и од различни големини. Покрај тоа, Емилија редовно држи обуки и тренинзи, а воедно е и коавтор на Прирачник за имлементација на Законот за заштита на личните податоци. Емилија е сертифицирана со едни од најголемите светски стандарди во оваа област како што се CIPP/E, CDPO и ISO27001.

Цена за учество:

2500 МКД + 18% ДДВ за членки на МАСИТ

5000 МКД + 18% ДДВ за компании кои не се членки на МАСИТ

Доколку сте заинтересирани за присуство кликнете на линкот за регистрација и пополнете го формуларот.

РЕГИСТРАЦИЈА

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит