На 06.07.2021 се одржа петнаесеттото годишно Собрание на МАСИТ- Стопанска Комора за ИКТ. Претседателот на Собрание г-дин Горан Попоски, ги поздрави присутните со афирмирање на сите достигнувања на комората ви текот на изминатата година, а претседателката на Управниот Одбор г-ѓа Анета Антова Пешева, детално ги информираше сите присутни компании за активностите во кои комората беше активно вклучена изминатиот период.
Особено сме горди што во измината година имавме најголем број на нови членови на МАСИТ. Уште еднаш, заедно потврдивме дека заедничкото, здружено работење го поддржува развојот на најбрзорастечкиот сектор. Им благодариме на сите компании, членови на МАСИТ за активното учество и придонес во работата на комората и продолжуваме заеднички да работиме во насока на поддршка на растот и развојот на ИКТ секторот.