Со задоволство би сакале да ве информираме дека МАСИТ во рамки на проектот „Подигнување на свеста за потреба од заштита на правата од индустриска сопственост и воспоставување на иницијална правна помош во комората“, поддржан од страна на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ ќе ја одржи третата и последна едукативна работилница на која детално и систематски од страна на домашен и интернационален експерт во областа ќе бидат елаборирани сите предизвици, начини и делеми поврзани со прашањата – кој, кога, зошто, што, каде + како и колку за правилно спроведување на заштита на индустриската сопственост.
Преку оваа работилница ќе овозможиме одблизу ИКТ компаниите да се запознаат со суштинското значење и придобивките од спроведување на заштита на индустриската сопственост, со намера позитивно да влијаеме во донесувањето разумни одлуки преку континуирано работење на подигање на свеста и помош во деловно работење на самите компании.
Модератор на настанот и свое излагање и презентација ќе има адвокат г-дин Јован Најденовски кој има професионален фокус и вештини во корпоративно право, закони поврзани со ИКТ индустријата и експерт во областа на заштита на правата од индустриска сопственост, а исто така овој пат ја збогатуваме агендата на работилницата со присуство на адвокат г-дин Предраг Видаковиќ од Република Србија кој е основач на адвокатската канцеларија Видаковиќ од Белград, експерт во областа на заштита на правата од индустриска сопственост, преку кој ќе имаме можност повеќе да слушнеме за имплементацијата и начините на заштита на правата од индустриска сопственост во соседна Република Србија и пошироко.
Работилницата ќе се одржи на 28.02.2024 година од 10:00 до 12:00 часот во просториите на нашите патрон партнери Property Оne office furniture (Бул. 8-ми Септември 3, станбено-деловен комплекс Настел Тафталиџе)
Цена за учество:
Регистрацијата е достапна на следниот ЛИНК.По успешна регистрација ќе добиете мејл за потврда и про-фактура која треба да биде платена најдоцна до почетокот на настанот.
Ве очекуваме!