20.01.2021

Повик за финансиска поддршка за набавка на ИКТ решенија

Проектот „Патека за дигитализација“ – финансиран од Проектот на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата и спроведен од МАСИТ (Северна Македонија) во партнерство со СТИКК (Косово) и ИКТ Нет (Србија) го објавува отворениот повик за аплицирање од компании кои работат во секторот земјоделство и преработка, лесно производство (облека и текстил, преработка на дрво) и туризам (еко-туризам, рурален туризам и авантуристички туризам), за финансиска поддршка при стекнување на различни видови на ИКТ решенија како што се:

  • Менаџмент на човечки ресурси,
  • Управување со односи со клиенти,
  • Планирање на ресурси на претпријатија,
  • Систем за управување со документи,
  • Управување со синџирот на снабдување (планирање на залихи, нарачување и предвидување), решение за е-трговија, веб-страница и други решенија.

Целта е да се поддржат компаниите од таргетираните сектори во нивната дигитална трансформација.

Што може да се очекува?

  • Финансиски придонес до 50% или до 3.000 УСД по компанија од проектот,
  • Учество од најмалку 30% УСД од апликантот
  • Поддршка при барањето на понуди од ИКТ компании и придонес од 20% од давателот на ИТ решение во форма на: пресметани попусти, дополнителни функционалности / услуги или обука во врска со употребата на ИТ решение итн.

Повикот ќе биде отворен од јануари до март 2021 година, а процесот на избор на апликанти ќе се врши на крајот на секој месец, вклучително и на крајот на месец март. Компаниите што ги исполнуваат критериумите за аплицирање, ќе бидат избрани според принципот „прв дојден – прв услужен“ во рокот за пријавување.

Повикот можете да го симнете подолу.

Download file

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит