2.04.2021

Kонференција и Б2Б средби на тема „Германско-македонско ИТ B2B партнерство“, 1 Јуни 2021

Ве информираме за претстојната конференција и Б2Б средби на тема „Германско-македонско ИТ B2B партнерство“ организирани од Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија – АХК и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. „Германско-македонското ИТ B2B партнерство“ е специјална иницијатива за вмрежување помеѓу носителите на одлуки во приватниот и јавниот сектор во сферата на дигитализација кои доаѓаат од различни сектори во Германија и компании од ИКТ-индустријата од С. Македонија.

Целта на партнерството е да се зголеми економската размена и да се поттикнат соработката и инвестициите во ИТ секторот меѓу двете земји.

Конференцијата и Б2Б средбите ќе се одржат на 1 јуни 2021 година и поради Ковид-19 настанот се спроведува виртуелно.

Повеќе детали можете да погледнете на веб страната на настанот https://it-delegationtrip.mk/ .

Во рамки на овој настан Македонските ИКТ компании ќе имаат можност со кратка презентација да се претстават пред потенцијални партнери од Германија (за што е веќе воспоставена соработка со партнер организација од Германија – German Business Eastern Association (GBEA)) како и да учествуваат на Б2Б состаноци со ИТ-компании од Германија.

Цената за учество изнесува 200 Евра + 18% ДДВ за компании членки на МАСИТ (300 Евра + 18% ДДВ за не-членки).

Сите компании кои се заинтересирани потребно е да се пријават најдоцна до 08.04.2021 на biljana.prlichkova@masit.org.mk и да ни го испратат пополнетиот прашалник кој е достапен на следниот линк.

Профилите на компаниите кои ќе се пријават за овој настан ќе бидат споделени со германската организација која ќе анимира германски компании за учество на настанот и Б2Б средбите.

Овој настан е поддржан од ПроКредит Банка Северна Македонија и Македонски Телеком.

За било какви дополнителни прашања стоиме на располагање.

Контакт: Билјана Прличкова, МАСИТ, biljana.prlichkova@masit.org.mk и Марина Станков, АХК, stankov@nordmazedonien.ahk.de .

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит