10.09.2020

Презентација на извештај за ИКТ индустријата во Северна Македонија

Ве информираме дека во изминатиот период МАСИТ со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е на Швајцарската агенција за развој и соработка, интензивно работеше на креирање на првиот локален Извештај за ИКТ индустријата во Северна Македонија, кој беше изработен од страна на домашната компанија за истражување и консалтинг ИнсајдерИД и бонитетната агенција Таргет Груп.

Со цел промоција на извештајот Ве покануваме на Онлајн презентација на извештајот за ИКТ индустријата во Северна Македонија која ќе се одржи во понеделник, 21.09.2020, од 10:00 до 12:00 часот. Агендата можете да ја погледнете во продолжение.

Ве молиме вашето учество регистрирајте го на следниот линк https://forms.gle/Y1L5kgZp3Ydt9Ake8 најдоцна до 18.09.2020. Линкот за вклучување на настанот дополнително ќе биде доставен до сите регистрирани учесници.

Download file

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит