8.03.2022

Презентација на тема: „УПРАВУВАЈТЕ САМОСТОЈНО СО ВАШИТЕ ФИНАНСИИ“

МАСИТ во соработка со Про Кредит Банка, на 7ми март 2022 (понеделник) одржа виртуелна презентација на тема: „Управувајте самостојно со вашите финансии“ .

На настанот учествуваа вработени во ИКТ секторот, а презентацијата ја водеа експертите од Про Кредит Банка, кои со присутните споделија исклучително корисни совети во поглед на тоа како најдобро да се донесат одлуки во врска со слободните средства, корисни информации во врска со инфлацијата во однос на штедењето во денари, евра или друга странска валута.

Исто така, на презентацијата, присутните имаа можност да слушнат повеќе околу кредитите како банкарски производи и носењето одлуки за кредитирање и инвестирање, штедење, временски периоди и tips & tricks кои неретко банките воопшто не сакаат да ги знаеме.

Погледнете ја целата презентација на нашата ФБ страница на линкот подолу.

Видео од презентацијата

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит