На иницијатива на МАСИТ, на 16.03.2023 се одржа работен состанок со министерот за информатичко општество и администрација г-дин Азир Алиу, на кој присуствуваа компании членки на МАСИТ, останати компании и експерти кои работат и имаат експертиза во полето на сајбер безбедност.
На средбата се разговараше за можностите за соработка меѓу МИОА и МАСИТ, и формирање заеднички работни групи, поврзани со ИТ технологиите, сајбер безбедноста и зголемената безбедност од сајбер напади.
МАСИТ продолжува да ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето.
Присутните, ја поздравија оваа иницијатива и изразија подготвеност за отпочнување на плодна соработка преку МАСИТ, ставајќи ја на располагање својата професионалност и стручност во своите области.