МАСИТ во соработка со својата компанија членка „Маранд Консултанти“, за своите компании членки организира работилница на тема:
„Даночен систем за подобра бизнис клима за успешно функционирање и раст на ИКТ индустријата“
На оваа работилница ќе имате можност да слушнете кои се ставовите и позициите на МАСИТ како ИКТ комора која ги застапува интересите на ИКТ компаниите со цел истата да биде препознаена како акселератор за општествен развој, преку давање конкретни и инклузивни даночни предлози за подобрување на бизнис климата и зголемување на конкурентноста.
Дополнително, на работилницата ќе бидат опфатени и следните теми со излагање од страна на еминентни експерти и консултанти од областа:
Работилницата ќе се одржи на 30ти мај 2023 (вторник) од 10:30 до 14:00 часот
Локација: ул. Орце Николов 146-б (во просториите на Advantcode)
Цена за учество:
Местата се ограничени и ќе бидат пополнети по принцип – прв регистриран – прв услужен.
Регистрацијата е достапна на следниот линк.
По успешна регистрација ќе добиете мејл за потврда, дополнително ќе ви доставиме про-фактура која треба да биде платена најдоцна до 26.05.2023 (петок).
Секоја компанија членка која ќе потврди интерес за учество ќе добие „ваучер за консултантски услуги во доменот на ERP имплементација и дигитализација на финансии, од Маранд консултанти“.