17.05.2023

Работилница: „Даночен систем за подобра бизнис клима за успешно функционирање и раст на ИКТ индустријата“

МАСИТ во соработка со својата компанија членка „Маранд Консултанти“,  за своите компании членки организира работилница на тема:

„Даночен систем за подобра бизнис клима за успешно функционирање и раст на ИКТ индустријата“

На оваа работилница ќе имате можност да слушнете кои се ставовите и позициите на МАСИТ како ИКТ комора која ги застапува интересите на ИКТ компаниите со цел истата да биде препознаена како акселератор за општествен развој, преку давање конкретни и инклузивни даночни предлози за подобрување на бизнис климата и зголемување на конкурентноста.

Дополнително, на работилницата ќе бидат опфатени и следните теми со излагање од страна на еминентни експерти и консултанти од областа:

  • Бенефициите што ги имаат вработените во секторот и регулацијата во предметните закони
  • Даночни импликации од инвестирање во хартии од вредност на домашен и странски пазар
  • Open banking – концепт кој го олеснува пласманот на ИТ услугите на глобален пазар, регулација и подготвеност на засегнатите страни

Работилницата ќе се одржи на 30ти мај 2023 (вторник) од 10:30 до 14:00 часот
Локација: ул. Орце Николов 146-б
(во просториите на Advantcode)

АГЕНДА

Цена за учество:

  • 2500 МКД + 18% ДДВ по учесник за членки на МАСИТ
  • 4000 МКД + 18% ДДВ за двајца учесници од иста компанија членка на МАСИТ

Местата се ограничени и ќе бидат пополнети по принцип – прв регистриран – прв услужен.
Регистрацијата е достапна на следниот линк
.

По успешна регистрација ќе добиете мејл за потврда, дополнително ќе ви доставиме про-фактура која треба да биде платена најдоцна до 26.05.2023 (петок).

Секоја компанија членка која ќе потврди интерес за учество ќе добие „ваучер за консултантски услуги  во доменот на ERP имплементација и дигитализација на финансии, од Маранд консултанти“.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит