Ве информираме дека на 18.03.2022 (петок), со почеток во 13:00 часот во хотел Александар Палас ќе биде одржано шеснаесеттото Годишно Собрание на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје.
Собранието на Комората е највисок орган и него го сочинуваат сите членови. Членовите на Комората МАСИТ за заедничките работи одлучуваат на Собрание на Комората МАСИТ кое седница одржува еднаш годишно. Годишното Собрание ќе се одржи со доследно почитување и запазување на мерките за превенција од Ковид 19. Следете нѐ за повеќе информации.