15.12.2020

Специјална јубилејна понуда за зачленување во МАСИТ по повод 20 години јубилеј од постоењето на Комората

Чест ни е и задоволство да ве известиме дека во месец декември прославивме јубилеј од 20 години од постоењето на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. Веќе две децении, МАСИТ успешно ја исполнува улогата која му е доверена, да ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето.

Како резултат на посветеноста кон нашата цел и визија, ни претставува посебно задоволство да ве информираме дека, пролжуваме со промотивниот датум да понудиме специјална јубилејна понуда, со која Ве покануваме Вас и вашата компанија да се приклучите кон семејството на МАСИТ кое во моментов брои 98 компании членки и тоа:

  • започнувајќи од денес, заклучно до 31ви јануари 2021 година, нудиме продолжување промо пакетот, зачленување за сите компании кои сакаат да се зачленат, без плаќање на таксата за зачленување, која чини 240 евра +18% ДДВ како еднократен издаток

Како компанија, членка на МАСИТ имате можност за пристап до информации, едукација, правни совети, соработка, вмрежување и промоција на домашно, регионално и меѓународно ниво, се со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата.  Се надеваме дека МАСИТ претставува вистинско решение за Вашите потреби, и заеднички ќе придонесеме за ваши поголеми успеси и достигнувања, бидејќи визијата на МАСИТ  е да овозможи раст на македонскиот ИКТ бизнис, негова препознатливост и имиџ, како во земјата така и во странство, како и унапредување на македонската економија и просперитет со посилна, поорганизирана и прогресивна ИКТ индустрија.

Сите дополнителни информации околу зачленувањето и потребните документи за зачленување можете да ги најдете на следниот линк.

За сите дополнителни информации, стоиме на располагање во секое време, а секако доколку имате потреба можеме да закажеме и онлајн состанок во термин кој вам ви одговара, на кој од поблиску ќе ви ги презентираме можностите и услугите кои МАСИТ ги нуди.

contact: contact@masit.org.mk

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит