14.04.2021

Средба на ВМРО ДПМНЕ со МАСИТ

Денес, 14.04.2021, беше одржана средба помеѓу дел од членовите на Управниот одбор на МАСИТ предводени од Претседателката Анета Антова Пешева и дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ предводено од Претседателот Христијан Мицковски. На средбата се дискутираше за состојбите во ИКТ индустријата и перспективите на овој сектор, при што од страна на Претседателката на МАСИТ беа истакнати неколку клучни пораки:   

  • ИКТ индустријата е редок пример за дел од македонската економија кој има потенцијал да генерира силен економски раст и бенефити кои се чувствуваат не само во економијата туку и во целото општество воопшто.
  • ИКТ индустријата бележи пораст по сите параметри (остварени приходи, број на вработени, извоз) дури и во услови на пандемија и сериозна економска криза е значаен придонесувач во државниот буџет од аспект на платени даноци и придонеси.
  • Ние како МАСИТ остануваме посветени на нашите заложби за подобрување на бизнис климата во ИКТ индустријата преку воведување на посебни даночни стимулации и силно веруваме дека ИКТ секторот е и ќе продолжи да биде уште позначаен двигател на економскиот раст на државата
  • МАСИТ стои на располагање на сите чинители со цел подигнување на нивото на дигитализацијата во сите сфери на општеството. Таа за среќа или за жал е новата реалност која во суштина ќе биде радикална реформа после која сигурно ништо нема да биде како што некогаш било. Компаниите од ИКТ индустријата и сега се спремни и го нудат целокупниот свој капацитет и поддршка за да ја постигнеме целта.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит