3.04.2023

Заедничка соработка помеѓу МАСИТ и Delight

Со задоволство ве информираме дека Delight стана Патрон партнер на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ Скопје, а со цел поддршка и експанзија на ИКТ индустријата во државата.

Delight Office Solution е водечки тим експерти во дизајнот на работни места и деловни простории, управување со проекти, изведување на fit-out проекти, М & Е работи, обнова и опремување канцелариски мебел во регионот Адриа, кој покрива пазар од над 20 милиони луѓе.

Од своето основање, Delight го разви своето портфолио на производи и опсег на услуги, станувајќи целосно интегрирана компанија за проектирање и изградба на канцелариски простор во Адриа регионот.

Delight во регионот Адриа ексклузивно ја претставува репрезентативната мрежа на Steelcase, глобален лидер во индустријата за мебел, како и Interface, лидер во производството на одржливи модуларни подови и DEKO, европски лидер во флексибилни системи за преградни ѕидови.

Досега Delight има обезбедено широк спектар на производи и професионални услуги во креирање или редизајн на работни простории, за повеќе од 4.000 компании

Во регионот Адриа, Delight е во првите редови за создавање одлични искуства нудејќи низа креативни решенија, архитектура, мебел и технолошки производи и услуги, дизајнирани да им помогнат на луѓето да го достигнат својот целосен потенцијал. Delight заедно со партнерите, дизајнираат канцелариски простори за да им помогнат на луѓето да работат, учат и растат. Повеќе од 20 години, создаваат инспиративни и агилни работни места за водечките светски организации во сите индустрии.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит