17.10.2022

Заедничка соработка помеѓу МАСИТ и ФОРТОНМКА

Со задоволство ве информираме дека ФОРТОНМКА стана Патрон партнер на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ Скопје, а со цел поддршка и експанзија на ИКТ индустријата во државата.

ФОРТОНМКА е независно поседувана и управувана компанија, членка на “Cushman&Wakefield“- најголемата приватна консултантска компанија за недвижности. Нуди широк спектар на услуги во областа на комерцијалните недвижнини.

Компанијата ФОРТОНМКА, како долгогодишен партнер на своите клиенти од разни индустрии, меѓу кои и ИКТ индустријата, континуирано помага во целиот процес на посредување, планирање и уредување на своите деловни простории и објекти, секогаш следејќи ги последните трендови кои соодветствуваат со стандардите на “Cushman&Wakefield“. Преку унапредување на деловниот амбиент како важен сегмент во работењето, ФОРТОНМКА одговара на најразлични потреби и предизвици, градејќи низа партнерства и долгогодишни соработки.

За повеќе информации, посетете ја веб страната www.cwforton.mk.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит