Извештај на тема: ICT – Workforce assessment report (Декември, 2020)

 Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ одржаа инфо-сесија за претставување на наодите од анализата за потребите на ИКТ индустријата за квалификувана работна сила како еден од најголемите предизвици за одржување на конкурентноста и зголемување на растот. Инфо сесијата беше организирана заедно со Регионалниот проект на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата (EDGE) и Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, реализиран од Епи Центар во партнерство со Стопанската комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори. Заклучоците и препораките од анализата, како и директните предлози од бизнис секторот од денешната онлајн инфо-сесија ќе бидат доставени до надлежните органи преку Платформата за јавно-приватен дијалог за да се креираат мерки кои ќе ги адресираат овие недостатоци.

ICT – Workforce assessment report

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит