Согласно последните објавени официјални податоци од Државниот Завод за Статистика, просечната исплатена месечна бруто плата по вработен за ИТ секторот (компјутерско програмирање) за месец декември 2021 изнесувала 120.253 МКД и истата е за 2,6 пати поголема од просечната исплатена месечна бруто плата за сите сектори која изнесува 44.711 МКД. Годишинот просек на месечна плата за компјутерско програмирање 2021 година изнесува 111.202 МКД и истата во споредба со 2021 пораснала за 9.7%.
Анализирајќи ги годишните просеци на просечната исплатена месечна бруто плата од последните три години согласно податоците објавувани од Државниот завод за статистика, кај бруто платите во секторот компјутерско програмирање се забележува пораст од 9,7% во 2021, односно 10,4 % во 2020. За споредба, просечната исплатена месечна бруто плата за сите сектори бележи пораст од 5,7% во 2021 односно 8,3% во 2020.
Сите информации од оваа анализа се превземени од статистичкиот портал на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија.