Забележан пораст на ИКТ индустријата, согледан преку економските индикатори

Согласно последните податоци, ИКТ индустријата повторно бележи значаен раст и покрај еконосмката криза. Според официјалните бројки од статистичкиот портал на Државниот завод за статистика, МКСтат и Народната Банка на С. Македонија, НБСтат, ИКТ индустријата по однос на исплатени плати и надоместоци на плати бележи значаен раст во 2022 година и изнесува 215.207.710 евра, што е за 30% повисока е сумата од 2021 година (165.229.713 евра).

По однос на трошоците за даноци на плати и надоместоци на плати, компаниите од ИКТ индустријата во 2022 година платиле 23.177.032 евра, што е за 32% повеќе споредбено со 2021 година, кога бруто износот изнесувал 17.525.178 евра.

Износот за платени придонеси за задолжително социјално осигурување од страна на ИКТ индустријата е за 31% зголемен споредбено со 2022 година (85.897.671 евра) и 2021 година (65.469.520 евра).

Подолу погледнете ги сите расположливи генерални индикатори што се однесуваат на ИКТ индустријата.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит