Новости

МладиХаб го започнува вториот циклус на обуки кој ќе биде целосно дигитален што значи е отворен за цела држава.За оние кои што прв пат аплицираат: • За да учествувате на обуките и добиете сертификат треба да извршите општокорисна работа• Можете да искомбинирате една еднодневна и средна обука или само да учествувате на напредната Група 1 – Брзи обуки за дигитални и бизнис вештини  (4 часа, 15-20 учесници по обука, локација ОНЛАЈН) Рекламирање на Facebook и Instagram Рекламирање на Facebook и Instagram (на Албански јазик) Продажба и продажни вештини Комуникациски вештини и јавно говорење ИТ безбедност  ИТ администратор  Група 2 – Обуки за дигитални вештини (од 16 до 20 часа, 15-20 учесници по обука, локација ОНЛАЈН) Анализа и статистики на податоци во MS Excel со примена на Pivot Table SEO – Search engine optimization Основи на проектен менаџмент Дигитален маркетинг Microsoft Office (Word, Excel, Power Point, Outlook) Група 3 – Обуки за напредни ИТ вештини (од 40 до 90 часа, 10-15 учесници по обука, локација ОНЛАЈН) Android developer Бројот на учесници е лимитиран и брзо се пополнува, затоа аплицирајте веднаш на следниот линк > https://form.jotform.com/200904772058051

Новости

Извор: Бизнис Регулатива Со цел да се утврдат состојбите во приватниот сектор предизвикани од кризата со КОВИД-19 пандемијата, како и утврдување на можните мерки за излез од економскиот застој, одговорете на прашалникот на стопанските комори, вклучете се во носењето на решенија и пренесете го вашиот став како претставник на бизнис секторот на следниот линк. Стопанските комори ќе изработат соодветна студија по сектори и ќе излезат со позициони документи кои директно ќе ги достават до надлежните органи кои ќе ги опфатат ефектите од донесените мерки досега, но и можните долгорочните решенија за нормализирање на економијата и враќање на стапките на раст. „Истражувањето опфаќа анализа на бизнис секторите кои во најголема мера се засегнати од КОВИД-19 кризата како што се: туризам и угостителство, земјоделство, градежништво, текстилна, кожарска, преработувачка, автомобилска и метална индустрија. Резултатите добиени директно од самите компании ќе бидат дел од опсежни студии за состојбите во економијата. Со оглед на тоа што неизвесноста се уште трае, при изготвување на анализите ќе се земат во предвид краткорочни и долгорочни сценарија за ефектите од кризата. Сите наоди ќе бидат доставени и презентирани преку Платформата за јавно-приватен дијалог, каде што стопанските комори редовно ги дискутираат со Владата предизвиците на бизнис заедницата и предложуваат решенија за надминување на истите.  Од клучно значење е да се креираат соодветни мерки и соодветно да се реагира на настанатата ситуација, за што ќе биде потребен отворен и конструктивен дијалог со сите засегнати страни“ истакна Тамара Тодоровска од Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, преку кој ќе се спроведе истражувањето. Целта на овој Анкетен прашалник е да се добијат точни одговори од страна на компаниите, по што ќе се изготви соодветна анализа за последиците од економската криза, положбата во која се наоѓаат економските субјекти, нивната ликвидност, профитабилност, одржливост, состојбата со работната сила и фискалните давачки. Стопанските комори веќе се во контакт со домашни и меѓународни организации и институции за соодветно димензионирање на потребните мерки кои е неопходно да се преземат и реализираат во кризниот период. Вашите одговори ќе бидат од големо значење за ова истражување, со цел да се изготват важни заклучоци од кои ќе произлезат предлози за долгорочно справување со последиците од КОВИД-19 кризата.

Новости

Digital Office – Платформа за дигитално управување со документи на Инбокс

Дигитална АрхиваЗаведи, Зачувај, Сподели Достапно за бесплатно користење до 01.06.2020   Дигитално управување и целосна контрола на вашата документација Што претставува? – Digital Office е модерна платформа за дигитално управување со документи иадминистративни работни процеси. Базирано на Телеком Cloud, таа е лесно достапна и ви помага да ги автоматизирате и трансформирате вашите административни процеси со цел да имате дигитална канцеларија во која добивате брзина, контрола и полесноработење со насмевка. За кого е наменета? – Digital Office може да ја користи било која компанија која сака да го унапреди управувањето со документи и да го дигитализира канцелариското работење, но најголема примена има кај средни и големи компании кои имаат одредено ниво на организациска комплексност Дококу сте заинтересирани слободно контактирате ги на следната маил адреса: contact@inbox.com.mk или веб страна https://inbox.com.mk/en/ Превземи PDF

Новости

ИКТ решение за дигитално работење од дома на компанија членка, А1 Македонија

Видео конферeнција,со оваа професионална услуга за видео конференција, која е хостирана на инфраструктурата на А1, може да реализирате квалитетни видео повици, со совршено јасна слика, едноставно и брзо, без инсталирање апликации. Таа е достапна на Вашиот лаптоп, компјутер или смартфон и обезбедува комплетна сигурност. КОМУНИЦИРАЈТЕ БЕЗБЕДНО – Избегнувајте состаноци во живо и придонесете за јавното здравје и за заштита од COVID-19. Услугата Видео конференција е достапна бесплатно за користење до 30.06.2020 Линк до апликацијата

Новости

ИКТ решение за дигитално работење од дома на компанија членка, ДУНА

Полека се приспособуваме на оваа привремена реалност, и наоѓаме начини како да ја оптимизираме моменталната ситуација. Ова се советите од нашата членка: Креирајте база на клиенти – Добро е да имате средена база на клиенти со кои сте работеле. Oва ќе ви помогне да одржувате добра врска со клеиентот, како и да размислувате стратешки анализирајќи ги податоците за клиентите.  Направете back up на документите и креирајте ефикасна дигитализациија – Замислете колку ќе беше секојдневното работење поедноставно, доколу сите документи Ви се добро категоризирани и достапни за пребарување од секаде. Спремете се за работење од канцеларија и дома во иднина, со креирање на дигитална архива. Ultima Records Management е алатка што може да Ви помогне во овој чекор. Средете ја Вашата електронска пошта – Направете систем за организација на Вашите е-мејлови за да не пропуштате важни пораки меѓу купот на останати персонални и промотивни е-мејлови.  Разбираме дека можеби ова не е вистинското време за нови инвестиции, затоа предложивме активности за кои единствената инвестиција е време. Во овој период ви нудиме бесплатно користење на Ultima Records Management за да овозможите електронски пристап до документите, сега и за во иднина.  Работиме од дома, но тука сме за Вас за сите прашања и обуки.  Со Ultima Records Management можете да ги организирате сите документи со еден клик . Софтвер за архивирање и управување на со електронски и физички документи Безбеден онлине пристап Согласно закон за архивско работење Линк до апликацијата

Новости

ИКТ решение за дигитално работење од дома на компанија членка, ДатаЛаб

Бесплатен програм за водење бизнис и дигитални алатки за работа од дома Со PANTHEON Хостинг можете  безбедно да работите од дома. Податоците се наоѓаат во една централизирана платформа на клауд, а со тоа на вработените им се овозможува пристап во системот за изработка и пребарување на  фактури, можност за правење нарачки, проверка на попис, најразновидни прегледи, одобрувања и размена на документи и многу повеќе, во било кое време и од било која локација. Корисниците ќе добијат бесплатни видео и писмени упатства за употреба на алатките за дигитализација, како и  пакети за инсталација и поддршка по намалени цени (попуст од 20%) Акцијата трае до 30.06.2020 Нарачајте ги придобивките уште денес! Линк до решението

Новости

Повик за учество на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за Глобалните ИКТ награди за изворедност на WITSA

Во рамките на своите активности, за изборот на WITSA Global ICT Excellence Awards 2020, МАСИТ повторно организира избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологијаза 2020 година. МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance) http://witsa.org/witsa-wp-site/ , првонаградените решенија во долунаведените категории ќе ги номинира на “2020 WITSA Global ICT Excellence Awards, кои ќе бидат номинирани за учество на изборот на 2020 WITSA Global ICT Excellence Awards во рамки на светскиот конгрес за ИТ што ќе се оджува од 14-16 септември, 2020 година во Пенанг, Малезија. Оваа година, ве повикуваме за номинации за „МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија“  кои ќе ги опфатат следните категории: Награда за јавно / приватно партнерство Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои заначително помогнале во наоѓање нови решенија и зајакнување на финансиите со успешна соработка помеѓу владиниот и приватните сектори во ИКТ.    Награда за дигитални можности / вклучување Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои значително ги зголемиле дигиталните можности за граѓаните на Република Македонија, во смисла на можности за користење на ИТ и пристап на интернет. Решение за одржлив раст Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои промовираат одржлив економски раст, кој се дефинира како способност да се подобри финансиската и социјалната состојба во државата. Постојат три клучни предизвици: климатски промени, деградација / пад на ресурси и загадување. Во сржта на трите е енергетската ефикасност и улогата на ИКТ за да постигне истата.  Иновативни решенија во здравството Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои прават извонредени напори за користење на ИКТ како алатка за промоција на здравјето и здравствената заштита, како telehealth, mHealth (мобилно здравје), е-здравство или преку е-учење, електронски здравствени досиеја, законските регулативи или социјални медиуми. Решенија може да варираат од обезбедување на информации за здравјето на граѓаните, поддршка за јавното здравство во заедницата, системи за поддршка во здравствените установи. Награда за дигитални иноваци Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои воведоа забележителни иновации во технологијата кои го унапредуваат бизнисот и ИТ. Дигитални иновации кои покажуваат напредок во продуктивноста и потенцијалот на деловните апликации, како и технологијата што значително придонесува за подобрена ефикасност, продуктивност и перформанси на една организација, или пошироко, помага во исполнување на ветувањето за дигиталното доба за сите. Награда за е-образование и учење Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија и најдобри проекти кои преку електронско учење користат иновативна нова технолошка алатка ,или постојни електронски алатки за учење на иновативен начин. Решенија кои ќе го олеснат и поддржат учењето преку употреба на информатичка и комуникациска технологија. Право на учество имаат сите ИКТ компании кои ќе номинираат сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во Република Македонија, додека учеството на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за членките на МАСИТ е бесплатно. Вашето решение ќе го номинирате со доставување на долунаведените документи на: praktikant@masit.org.mk најдоцна до 16.04.2020 година: Пополнета пријава за МАСИТ ИКТ наградите (во прилог “Prijava za MASIT IKT nagradi 2020”), заедно со пропратните документи кои се наведени во истата; Power Point презентација за своето решение.   Напомена: Учеството за МАСИТ ИКТ наградите за компаниите членки на МАСИТ е бесплатно, а за сите останати компании изнесува 50 евра + ДДВ. Во очекување на Вашите пријави, Ви посакуваме успех при изборот.

Новости

Прашалник за самоевалуација за дигитална трансформација на компании

Ве информираме дека, МАСИТ во соработка со Министерството за економија, во рамки на проектот Поддршка за дигитална трансформација на компании, креираше прашалник за самоевалуација, кој е наменет за МСПа од други индустрии, кои со одговарањето на овој прашалник ќе добијат анализа за нивото на дигитализација, видот и начинот на користење на дигитални алатки кои би можеле да го подобрат и убрзаат секојдневното работење во нивните компании. Прашалникот е анононимен и може да го одговорат сите заинтересирани МСПа во државава кои сакаат да го проверат нивниот потенцијал во делот на дигиталната трансформација. ПОПОЛНЕТЕ ГО ПРАШАЛНИКОТ

Новости

Годишно Собрание на МАСИТ 2020

На 31ви Март 2020, вторник, со почеток во 13:00 часот, во хотел Хилтон ќе се одржи 14-то Редовно  Годишното Собрание на МАСИТ. Во прилог можете да го погледнете дневниот ред на настанот. Превземи PDF

MLADIHUB
Новости

Повик за понуди за спроведување на обуки во рамки на проектот МЛАДИ ХАБ – 2 циклус

МАСИТ како партнер во проектот МЛАДИ ХАБ – дигитална младина објавува повик за прибирање на понуди за спроведување на обуки за дигитални вештини за вториот циклус на обуки кои ќе се спроведуваат во периодот Април 2020 – Јуни 2020. Сите детали во однос на условите и начинот на аплицирање можете да ги најдете во документот во прилог. Понудите се доставуваат на е-маил: biljana.prlichkova@masit.org.mk и gordana.kolova@nms.org.mk најдоцна до 16.03.2020. Превземи PDF

Scroll to Top