8.04.2022

„Генерален преглед на програмите за финансирање од ЕУ, достапни за ИКТ компании од Северна Македонија“

Едночасовен бесплатен вебинар – 19.04.2022, 11:00ч

МАСИТ, организира бесплатен вебинар на тема: „Генерален преглед на програмите за финансирање од ЕУ, достапни за ИКТ компании од Северна Македонија“ во времетраење од 1 час, а ќе се одржи на 19.04.2022 (вторник) со почеток во 11:00. Консултант кој ќе го води овој вебинар е Симона Трповска од I-DS Coaching & Consulting. Настанот ќе се одржи преку платформата ZOOM.

Воедно, најавуваме дека после одржувањето на овој бесплатен вебинар, МАСИТ во текот на мај планира да одржи посеопфатни тематски вебинари кои би траеле еден или два дена, со прецизна презентација на конкретни ЕУ програми и повици кои се апликативни за ИКТ компании. Темите за овие обуки ќе бидат дефинирани согласно фидбекот од компаниите, за кои програми ќе има најголем интерес да се добијат детални информации.

За учество на едночасовниот бесплатен вебинар, потребно е да се регистрирате на следниот линк најдоцна до петок, 15.04.2022.

*Линкот за вклучување ќе го добијат сите регистрирани еден ден пред одржувањето на вебинарот.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит