28.09.2020

Покана за настан – “Можности за поддршка на дигитална трансформација преку проектот Патека за дигитализација”

Ве покануваме на претстојниот настан “Можности за поддршка на дигитална трансформација преку проектот Патека за дигитализација кој ќе се одржи онлајн на 30.09.2020 (среда,) во 11:00 часот. Настанот е организиран од страна нa МАСИТ како имплементатор на проектот “Патека за дигитализација” – проект финансиран од Проектот на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата кој МАСИТ го спроведува во партнерство со СТИКК – Косовска ИКТ асоцијација и ICT Net од Србија. Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниот линк.

Целта на настанот е да се претстават активностите на проектот како и објавените повици за поддршка на дигитална трансформација на компании кои работат во секторите:

  • земјоделство,
  • облека и текстил,
  • преработка на дрво и
  • туризам (eко, рурален и активен).

Поканата и агендата на настанот можете да ги погледнете подолу.

Сите заинтересирани за присуство на настанот е потребно да се регистрираат онлајн со пополнување на следната регистрациска форма:  https://forms.gle/47ubXtfonvLizaD8A по што ќе го добијат линкот за вклучување на настанот.

Повеќе информации за објавениот Повик за поддршка во креирање на Стратегии за дигитална трансформација можете да најдете на следниот линк .

Text

Description automatically generated
Graphical user interface, text, application

Description automatically generated
Download file

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит